Revlon Lip Butters

 Здраво!

Денес сакам да споделам со вас еден производ кој стана мојот ‘‘go-to’’ производ за усни - Revlon Colorburst Lip Butters. Навистина многу ми се омилени и секогаш во мојата чанта имам најмалку еден од нив. Јас имам три од нив и ги користам веќе два месеци. 




Тие се моите омилен тип кармини, средно пигментирани, сјајни, супер хидратантни се и даваат чусво на нежност. Мене ми е многу важно карминот да биде хидратантен, затоа што имам полни усни кои многу брзо испукуваат особено во овој есенко- зимски период. Јас ги сакам нив повеќе од класичните кармини бидејќи пред се даваат природен изглед, не ги чусвувам како да се тешки и не ги сушат усните, за разлика од класичните кармини особено по два- три часа откако ќе се исушат и даваат чуство како да имате восок, а усните почнуваат да се собираат и да испукуваат, Revlon Lip Butters воопшто не се такви. 

Единсвен лош манир е што не траат повеќе од 3 часа, брзо се трошат и еден чини 400 денари (јас толку платив за еден/зависи од каде ќе ги купите).

Можете да ги најдете во 20 нијанси во пакување од 2.55g.



 Еве да ви покажам како изгледаат кармините едно до друго на мојата рака 
Strawberry Shortcake / Berry Smoothie / Peach Parfait





080 Strawberry Shortcake
Светло розев








050 Berry Smoothie
Средно розев 







025 Peach Parfait
Нијанса на праска со златен сјај 
Ова е мојот омилен кармин, совршен секојдневен кармин за мојот тон на кожа и супер изгледа со била каква шминка. 





Како ги користам: 
Почнувам со чисти, суви усни, нанесувам од било која нијанса врз усните. За денски изглед и кога сум во брзање не користам молив за усни, за вечерен изглед моливот го нанесувам низ целите усни како кармин а потоа нанесувам од карминот. Нанесувам толку често колку што сакам помеки, помазни и веднаш хидрирани усни!


Се надевам дека ова беше кориснo за оние кои се заинтересирани за купување на овие кармини!

       Елена 

Comments